• Wed. May 15th, 2024

Струмички „Комуналец“ ја чистеше депонијата на плоштадот-Костадинов најави казни

Нема да се толерира создавање депонија во центарот на градот, најави струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов. Тој објави дека денеска екипи на комуналното претпријатие „Комуналец“ ја чистеле дивата депонија која е создадена буквално на плоштадот, односно во просторот до новата стоковна куќа.

Костадинов рече дека не само критики, туку ќе има и казни:

„Депонија во близина на плоштадот или било каде на територијата на Струмица не смее да има!

Ќе има и контрола, ќе има и казни!

Денеска екипа од ЈПКД „Комуналец” започна со чистење на мини депонијата направена од страна на несовесни поединци и фирми, а која се наоѓа во центарот на градот. Ова не е прво чистење, туку, после неколку недели ситуацијата се повторува, а местото кое се наоѓа на самиот Градски плоштад, кое треба да служи како пример за нашето урбано живеење, служи како пример за нашата некултура и неодговорност кон околината што не опкружува.

,,Комуналец” продолжува со сите напори да ги чисти сите направени диви депонии, меѓутоа некултурата на поединци продолжува и на жалост покрај нашата работа и сите укажувања и апели, градот се повеке се полни со мини депонии“, напиша Костадинов на официјалниот фејсбук профил.

Дивите депонии не се новост во Струмица. Според проценките на комуналното претпријатие во регионот има над 100 диви депонии кои се обновуваат на само неколку седмици по чистењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *