Регион

Со пица од ајвар и овчо сирење тимот на „Концепт“ ги освои светските пица мајстори

Леб со ајвар и сирење е веројатно едно од омилените јадења на многу Македонци. Но, пица каде основните состојки се домашен струмички ајвар и беровско овчо сирење веројатно не е нешто на што сте навикнале. Сепак, токму овој рецепт е еден од успесите на тимот на „Концепт“ со кој се закити на Интернационалнит натпревар во правење пица. натпреварот кој бил во пет категории донесе неколку значајни признанија за пица мајсторот Бранко Глигоров и Кирил Иванов како водач на тимот од „Концепт“.

Во интервју за канал ВИС тие објаснија како е да се биде на натпреварување од светски размери, на што горди и како биле препознаени од искусните пица мајстори со бројни светски признанија.

Овие награди им обезбедија пласман и на Светското натпреварување кое следната година ќе се одржи во Италија.

Препорачуваме:

Комбикрон и делтакрон, две нови мутации на Ковид 19

Стојне Митева

Изложба „Оружје и воена опрема“ во Завод и музеј Струмица

Околу 7 илјади македонци до 12 часот заминале за Грција на Велигден

Ване Трајков