• Fri. May 17th, 2024

Изложба „Оружје и воена опрема“ во Завод и музеј Струмица

На 21.10.2022 година со почеток во 19:00 часот во просториите на НУ Завод и музеј Струмица ќе се отвори изложба на оружје и воена опрема. Во оваа изложба ќе бидат изложени предмети од Збирката на оружје и воена опрема на Историското одделение при Националната установа “Завод за заштита на спомениците на културата и музеј” – Струмица.

-Првите предмети од оваа Збирка, започнале да се евидентираат во музејските книги уште со основањето на нашата институција (тогаш Музеј на град Струмица), во почетокот на педесеттите години од минатиот век. Според сите стручни и научни анализи и критериуми Збирката на оружје и воена опрема може да се оцени како значајно културно наследство. Во неа, може да се видат мeчеви, сабји, ножеви и копја, но и огнено оружје – кубури, револвери, пушки, автоматско оружје, најразлична воена опрема и сл, се вели во информацијата од Завод и музеј.

Изложбата ќе биде дел од одбележувањето 70 години Музеј Струмица 1952 – 2022.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *