Македонија

Софија: Приведено лице кое пишувало недолични коментари за автобуската несреќа

Полицијата приведе 24-годишен маж кој објавувал коментари на Фејсбук, поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот „Струма“ кои се некомпатибилни со моралните и етичките норми, соопштуваат од бугарското МВР.

Лицето, кое е приведено во Софија од службеници на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал, имало криминално досие.

„Материјалите се пријавени во СРС за сторено кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – проповедање омраза врз основа на националност преку информациски систем“, се вели во соопштението на бугарското МВР.

За вакви прекршоци законот предвидува казна затвор од една до 4 години и глоба од 2,5 илјади до 5 пет илјади евра, како и јавно извинување.

Препорачуваме:

Минатата недела за 22,7 проценти намален бројот на новозаболени од Ковид-19

Работнички протест на Сојузот на синдикати на Македонија

Ване Трајков

Состанок на Коалацијата за борба против ИСИС