Македонија

Работнички протест на Сојузот на синдикати на Македонија

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска напладне ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија во израз на незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори. Протестот ќе започне пред зградата на ССМ, а учесниците ќе се движат кон Собранието на Република Северна Македонија, а потоа и кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот. ССМ бара усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог, измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата, односно таа да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата, како и потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор и Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Препорачуваме:

По согласноста од Грција, Македонија очекува датум од ЕУ и покана од НАТО

Сузана Мицева

Вонредна состојба и во следните 30 дена

Ване Трајков

Македонија ќе има влада најдоцна до средината на јануари

Сузана Мицева