• Sun. May 19th, 2024

Вонредна состојба и во следните 30 дена

ByВане Трајков

Apr 16, 2020

На денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, донесена е одлука за прогласување на нова вонредна состоја што ќе трае во следните 30 дена.

Пендаровски, посочи дека уставотворецот нема предвидено ситуација во која Собранието не работи не ја потврдува првата одлука за вонредна состојба, а кога има потреба од продолжување на истата. Тој вели дека ја презема одговорноста да донесе одлука за постоење утврдување на постоење на вонредна ситуација во период од 30 дена.

„Вчера добив предлог за воведување на вонредна состојба во следните 30 дена. Согласно процените, jасно е дека е потребно повторно прогласување на вонредна состојба. Одлуката ќе ја донесам согласно моите уставни надлежности и ќе трае следните 30 дена. Уставотворецот нема предвидено ваква ситуација, Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонредната состојба. Во ситуација кога пратениците земаат плата, кога ниту од нив нема побарано апанажа по завршување на мандатот, значи дека тие се сеуште со валиден мандат, а Собранието сепак не работи, јас ја преземам одговорноста за ваква одлука затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето, отколку да се криеме зад правни толкувања“, посочи Пендаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *