Македонија

Првични наоди на бугарските истражители за автобуската несреќа

Според првичните наоди од истрагата, до пожарот на автобусот на „Беса транс“ дошло кога многу силно удрил во десната ограда на автопатот, па потоа на левата. Заменикот на главниот бугарски обвинител Борислав Сарафов кажа дека од стружењето од оградата и асфалтот настанал ефект на шмиргла, при што се создале многу искри и од искрите се запалиле течностите на автобусот – нафта, масла од моторот и менувачот, а се вжештиле и воздушните перничињата, што дополнително придонело да настане пожар од невидени размери.

Во трите туби што биле најдени во автобусот, имало само остатоци од нафта што ја користел автобусот, рече Сарафов и повтори дека немало бензин, не биле полни со гориво, ниту со други запаливи течности. Резервоарот бил на предната страна на автобусот.

Тоа што го чуле преживеаните како експлозија било силниот удар на автобусот во оградата, рече Сарафов.

Препорачуваме:

МЗ: Ревакцинирани се 48 отсто од полнолетните граѓани во државата

Петмина Македонци повредени во сообраќајка кај Солун

Сузана Мицева

Бесими: Се намалува стапката од 18% на 5% за прометот на менструални производи

Ѓ. K.