Регион

Славчо Тимов не е повеќе заменик народен правобранител. Неговиот мандат заврши, ќе се избира нов

Славчо Тимов не е повеќе заменик народен правобранител за регионот. По престанокот на неговиот мандат, канцеларијата на заменикот народен правобранител нема вршител на оваа должност. Пред околу три месеци е распишан оглас за избор на нов заменик на народниот правобранител, меѓутоа иако се јавиле петмина на огласот, се уште нема избрано нов.

Славчо Тимов ја вршеше оваа функција изминатите осум години, од 2013 кога беше избран.

Собранието на државата, гоизбираиразрешуванародниот правобранителНародниот правобранител се избира за време од осум години, со право на уште еден избор.

Изборот и разрешувањето на народниот правобранител и неговите заменици Собранието на Република Македонија го врши со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Народниот правобранител, познат во светот под името Омбудсман е надлежен за заштита на уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања.

Народниот правобранител е независна, самостојна, професионална и стручна институција и во извршувањето на функциите и надлежностите пред се ги почитува принципите на објективност, непристрасност, одговорност, чесност, совесност, ажурност, итност, експедитивност, партиска неприпадност, еднаквост во заштитата на правата и слободите на граѓаните без разлика на пол, боја, раса, вера и слично.

Работите од својата надлежност Народниот правобранител ги врши врз основа и во рамките на Уставот и Законот, како и меѓународните правни акти за човековите слободи и права.

Препорачуваме:

Гордана Силјановска Давкова од Радовиш: СДСМ не турка во бинационална држава

Стојне Митева

„Фондација Елеуса“ подготвува Хуманитарен концерт на 25 април

Сузана Мицева

Независни советнички листа за борба против рудникот Иловица

Сузана Мицева