• Sat. May 11th, 2024

Гордана Силјановска Давкова од Радовиш: СДСМ не турка во бинационална држава

Малите заедници во државата се анулирани и за нив принципот на правична и соодветна застапеност не важи. Тврдиме дека сме мултикултурно и мултиетничко општество а СДСМ не турка во бинационална држава што е катастрофално решение, рече професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседателка на Вмро Дпмне на вечерашниот митинг во Радовиш.

Претседателот на Вмро Дпмне за обвинувањата од Сдсм дека водат кампања за парламентарни а не за претседателски избори, рече дека тие се различни од нив, бидејќи секоја мисла им била насочена кон тоа што добро да се направи за народот и татковината. Сдсм нуделе иднина со вреќи пари, а тие нуделе светла иднина со достоинствена и честита држава.

Мицковски им порача на политичките противници дека имале проблем со себе, а тие имале проблем со нив, и затоа на 21 април и на 5 мај ќе направиле коалиција со народот на која ќе покажат каква иднина и држава сакаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *