Регион

Независни советнички листа за борба против рудникот Иловица

Независни советнички листа за борба против рудникот Иловица. Ваква најава стигна од Здрава котлина. Најавуваат собирање потписи за независни листи во општините Струмица, Ново Село и Босилово, како и независен кандидат за градоначалник на општина Ново Село.

Во објавата на официјалната страница на здружението на фејсбук стои дека ќе почне собирање на потписи за независните листи доколку до 20 август конечно не се реши судбината на рудникот и се одземе и втората концесија за рудникот Иловица од концесионерот Еуромакс рисорсис. Според најавите на активистите, терминот за собирање потписи ќе биде 21 август, ден по дадениот рок за решавање на судбината на рудникот.

Здрава котлина пласира информации за наводен договор помеѓу политичките партии за отворање на рудникот после локалните избори. Според нив, двете политички партии имаат интерен договор Иловица да проработи и за него да нема меѓупартиски препукувања.

Препорачуваме:

Ново Село со камери ќе контролира кој фрла ѓубре на дивите депонии

Сузана Мицева

Струмица ќе ги субвенционира домакинствата со 100 евра за приклучок на гасоводот

Нема избори на 5-ти јуни без чист избиорачки писок и слобода на медиумите.Порача Заев од Радовиш