Регион

Скратени средствата за спортот и културата во општина Гевгелија

Годинава се скратени средствата за спортот и културата во општина Гевгелија. Преку Програмата за финансирање проекти од областа на културата во општина Гевгелија за 2021 година, усвоена на последната седница на Општинскиот совет значително ги намали планираните буџетски средства за култура во однос на минатата 2020 година.

За разлика од 2020 година, во која за културата беа издвоени 4.000.000 денари, годинава, се планира финансиска поддршка на програми и проекти од културата во висина од 2.500.000 денари. Овие средства планирано е да бидат распределени помеѓу 38 апликанти, правни и физички лица кои се пријавија на јавниот конкурс.

            При распределбата на средствата општината ги имала предвид традиционалните настани коишто годинава би требало да се одржат под изменети услови. Согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Годинава ќе има нови форми на дел од веќе традиционалните настани како: „Смоквијада“, „Меѓународен натпревар за млади пијанисти“, „Распеана чаршија“, „БОШ ФЕСТИВАЛ“, активностите на Градскиот мешан хор „Гортинија“, фолклорните уметнички друштва и сл.

Со намален Буџет во висина од 7.500.000 денари, Советот на Општина Гевгелија, одлучи да биде и спортот. Со предвидените средства од Општинскиот буџет ќе бидат поддржани 30 здруженија, клубови и спортисти од областа на фудбалот, кошарката, ракометот, тенисот, атлетиката, карате, планинарство и сл. И тоа, за активности на: локален, регионален, национален и меѓународен карактер.

           Локалната самоуправа вели дека презема активности за поттикнување, развој и обезбедување услови се со цел да се одржува континуитетот на спортските активности во општината. Настаните ќе се организираат со почитување на протоколите за реализирање на спортски активности за време на пандемија.

Препорачуваме:

Општина Струмица ја одбележа 114-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

Фитосанитарната политика за севкупна аграрна благосостојба

Премиера на монодрамата „Глумецот е…глумец…е“

Сузана Мицева