Регион

СВР билтен: Тепачка пред казино

Во продолжение целиот билтен на СВР Струмица:

На 01.03.2021 во 15.30 часот во Полициската станица Струмица, К.К.(40) од с. Дабиле, струмичко,  пријавил дека околу 13.00 часот пред казино во Струмица настанала физичка пресметка помеѓу него и лицата Ѓ.А. и Д.А., двајцата од Струмица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 01.03.2021 во периодот од 07.00 до 12.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над возачи кои вршат непрописно престигнуцање. Притоа, биле откриени 58 прекршоци, од кои 14 по акциската контрола и 44 останати прекршоци, кои биле соодветно санкционирани.

ОТКРИЕНИ НАПАЃАЧИТЕ НА М.Ѓ. ОД СТРУМИЦA
Полициската станица Струмица го расчисти случајот од 24.02.2021 кога на ул.„Благој Мучето“ во Струмица две лица физички го нападнаа струмичанецот М.Ѓ..
Се работи за лицата А.Б.(37) и К.К.(38), двајцата од Струмица, кои биле повикани на разговор во Полициска станица Струмица и во текот на денешниот ден  против нив ќе биде поднесена пријава за физички напад по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (01.03/02.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 21 лицe не ја почитувалe, од кои 10 во Гевгелија, 7 во Радовиш, 3 во Струмица и 1 во Валандово. Во Радовиш 2 од непочитувања се од страна на едно правно и едно одговорно лице.

Препорачуваме:

Четири комбиња од струмичко вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Ване Трајков

Герила акција на активистите на иницијативата ,,Стоп за рудникот на смртта Иловица„

Речиси готова модуларната болница