Регион

Општина Струмица ја одбележа 114-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

 

Општина Струмица денеска ја одбележа 114 – годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. Пригодната свеченост се одржа пред споменикот на Делчев на истоимениот плоштад, на која за неговиот живот и дело зборуваше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Тој во името на општина Струмица, положи свежо цвеќе пред споменикот на Делчев, заедно со претседателот на Советот, Јосиф Христов, а цвеќе положија и претставници на Општинскиот одбор на Сојузот на борците, резервните старешини, политичките партии и на јавни општински институции. Во чест на Гоце Делчев, рецитаторите од домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија.

Препорачуваме:

Што ќе учат првачињата од септември?

Стојне Митева

Напишете добар есеј и студирајте бесплатно прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“

Сузана Мицева

Унапредување на безбедноста на патиштата на локално ниво