Регион

Што ќе учат првачињата од септември?

Првачињата од септември ќе учат по нови програми, објавени се темите кои ќе се обработуваат по секој предмет, како ќе се реализираат часовите.

-Ова се некои теми од програмите за мајчин јазик, математика, општество и природни науки. Идните ученици уште од прво одделение ќе се запознаваат со важни теми како што се родова еднаквост, медиумска писменост, корупција преку соодветно прилагодени содржини за нивната возраст. Веќе денеска го објавуваме повикот за изработка на наставните материјали за овие нови програми. Силно верувам дека реформата ќе донесе многу повисоко ниво на квалитет во основното образование, информираше министерката за образование Мила Царовска.

Новата концепција од МОН велат дека се темели на родовата еднаквост, инклузивност и мултикултурализмот, заштита на животната средина и почитување и заштита на правата.Според ова наставникот треба еднакво да ги третира и момчињата и девојчињата и да води грижа да не им доделува родово стереотипни улоги.

Во новата програма не е предвидено како ќе се одвива наставата доколку треба да продолжи онлајн.

Препорачуваме:

Во неколку наврати се палат депониите во Гевгелија и Негорци

Сузана Мицева

Кај Ново Коњарево патничко возило удрил во пешак кој починал на лице место

Ване Трајков

Ново детско игралиште во населеното место Богородица

Ѓ. K.