Регион

Ново детско игралиште во населеното место Богородица

И во населеното место Богородица, преку Проектот на Општина Гевгелија за поставување урбана опрема за детски игралишта, изградено е ново игралиште со реквизити за деца. Со изградбата на новото детско катче, всушност, Општина Гевгелија ја заврши реализацијата на Проектот преку којшто беа опфатени и населените места Прдејци и Негорци, со средства од Бирото за регионален развој и сопствено учество. Куќички- лизгалки, лулашки, клацкалки и клупи за одморање се поставени за дечињата во Богородица на висококвалитетна гумирана подлога.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по изградбата на новото детско игралиште во Богородица, истакна:

– Најмалите се нашата иднина и кон нив имаме обврска за создавање услови за квалитетно детство. И, дечињата од Богородица ќе имаат можност квалитетно да го поминуваат слободното времето во игра, со нови содржини. Целта на локалната самоуправа е граѓаните од општина Гевгелија да добијат квалитетни услови за живот.

Препорачуваме:

Денес екстремно жешко, попладне нестабилно

Сузана Мицева

Судска медицина: Обдукцијата на 26 годишното момче не е завршена, се прават анализи

Сузана Мицева

Волонтерите од Црвен крст Струмица делеа цвеќиња на жените и пациентите во Општа Болница

Ѓ. K.