• Mon. May 13th, 2024

Денес екстремно жешко, попладне нестабилно

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Метеоролозите од УХМР најавуваат нестабилност попладнето која ќе биде проследена со поројни дождови и грмежи, како и силен ветер.

Максималната температура ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8

Во Скопје сончево и многу топло, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Топлото време на територија на државата ќе се задржи во четврток, а попладневните и вечерни часови ќе бидат нестабилни со локални невремиња и град.

Веќе за време на викендот се очекуваат и пад на температурите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *