Спорт

Прва сезона и можност за титула – Астраионци во завршната пресметка за пионерски првак на Македонија

Младите ракометари на ,,Астраион,, од Струмица обезбедија учество на завршницата од пионерскиот ракометен шампионат на Македонија. Како најдобро второпласирана екипа од сите три групи, струмичките надежи овој месец ќе се борат за титулата државен првак.  Веста ја потврдија и од РФМ од каде информираа дека на Final 4 турнирот екипта на РК ,,Астраион,, од Струмица е четвртиот тим што ќе разигрува за титулата пионерски ракометен шампион на Македонија.

На турнирот пласман обезбедија екипите на Охрид, Металург од Скопје и Торо спорт од Виница со кои струмичките надежи добро се познаваат. Кој со кого ќе игра во полуфиналето допрва РФМ преку ждреб ке одлучува. Ова е огромен успех за младите астраионци и предводниците на клубот бидејки во првата сезона од своето натпреварување обезбедија учеството во завршницата и можност да ја освојат титулата пионерски ракометен првак

 

 

Препорачуваме:

Виктори ја надигра Јанта со максимални 3:0

Ристо Николов: Немаме никаков притисок, одиме да победиме

Сузана Мицева

Пионерките од Наковски волеј се пласираa во четврт финалето на државното одбојкарско првенство

Ѓ. K.