Регион

„Струмица опен“ годинава од 3 до 13 август со наслов „Направено со љубов“

Струмица опен фестивал годинава ќе се одржи од 3 до 13 август со наслов „Направено со љубов“

Шестото издание на најголема летна културно-уметничка, едукативна и забавна манифестација во Македонија, Струмица опен фестивал, ќе се одржи од 3 до 13 август.

Од здружението „Културен забавен живот – Струмица“ информираа дека во текот на единаесетте фестивалски денови нашиот град ќе заживее со посебен дух кој го носат младите – организатори на сите настани. Овој македонски бренд станува гордост на струмичани и омилена локација на мапата со обележан датум на календарот на многу гости од цела Македонија и дијаспората. Според првичните најави годинашното издание на Струмица ОПЕН фестивал ќе се одржи под насловот „Направено со љубов“.

Во претходните пет изданија учествуваа над 60 музички ѕвезди, беа одржани над 100 културно-уметнички настани и присуствуваа над 800.000 среќни и весели посетители. Од танцови работилници, детски фестивал, хип хоп револуција, акустична романтика, трка на келнери, стенд ап шоу, афоризми, фолклор, поезија и уметност до големи музички концерти на македонски, балкански и светски музичари од сите жанрови.

„Константните позитивни резултати кон градење и дистрибуција на култура преку разновидна програма за сите возрасти се наш голем поттик за идни поголеми остварувања. Се надеваме дека годинава ќе доживеете фестивал направен со љубов во кој ќе уживате“, велат организаторите.

Препорачуваме:

Одбележан патрониот празник на ООУ „Сандо Масев“ Струмица

Сузана Мицева

Тутунот во струмичко годинава засаден на 1200 хектари површина, речиси за 30 отсто помалку од лани

Dimitar Micev

Почнува одбележувањето на Денот на заштитниците на Струмица ,,Св 15 Тивериополски маченици”

Ване Трајков