Регион

Се подготвува нова Стратегија за лицата со попреченост

За една година државата треба да има нова стратегија за лицата со попречености. Новиот стратешки документ ќе трае седум години, до 2030. Подготовките се почнати а широки консултации се одржуваат меѓу сите чинители: инситуциите, локалните самоуправи, граѓанските организации и директно со лицата со попречености.

Денеска таква средба се одржа во Струмица, а во следниот период ќе има во повеќе градови со цел што повеќе лица да дадат коментари и да с енаправи широка дискусија за документот.

Заменикот народен правобранител, Васка Бајрамовска вели дека лицата со попреченост треба да бидат слушнати и тие како инситуција ќе се потрудат да бидат испочитувани нивните човекови права.

Работилницата има за цел врз основа на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост да ја подготви „Националната стратегија за правата на лицата со попреченост“ со краткорочни, среднорочни и долгорочни активности со фокус на конкретни мерки за поддршка на лицата со попреченост.

Препорачуваме:

УХМР: Најмногу дожд наврна во Струмица

Во Струмица регионална конференција на тема: „Улогата на регионалниот центар за стручно образование и обука во подобрување на системот за стручно образование и обука во југоисточниот регион“

Ѓ. K.

Македонците во просек пушат 20 цигари на ден

Стојне Митева