• Wed. May 15th, 2024

Во тепачка на „Бетовенова“ убиено 22-годишно момче

22-годишно момче вечерва е убиено во Струмица во тепачка меѓу две семејства што се случи во Турското маало на улицата „Бетовенова“, а еден шеснаесетгодишен малолетник е повреден, како и две жени, јавува МИА.

Веста ја потврди директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека повредените се надвор од животна опасност.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, пријавен e инцидент на улица „Бетовенова“ во Струмица, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Од полицијата повеќе информации за настанот најавуваат за утре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *