Регион

300 илјади денари за најубавите дворови на станбените згради во Струмица

Најубаво уредените дворови на колективните згради во Струмица добија ваучери. Градоначалникот Костадинов попладнево ги додели наградите на трите најубави дворски решенија и порача дека дворовите се украс на градот.

„Дворовите се украс на станбените единици, било да се индивидуални или колективни. Ја разубавуваат средината и ја зголемуваат еколошката свест.

Со цел да го стимулираме уредувањето и одржувањето на дворните места пред колективните станбени објекти, од буџетот издвоивме 350 илјади денари и објавивме Јавен повик кој траеше од 21 февруари до 31 мај годинава.

Пристигнаа 2 апликации, но догодина очекуваме повеќе. По увидот што го изврши Комисијата, првата награда ја доби дворот на улицата „Максим Горки“ бр.49, а втората, дворот на улицата „Крсто Узунов“ бр.3-22.

Вечерва ги посетив станарите, им честитав за наградите им ги врачив ваучерите од 200.000 и 100.000 денари“, напиша Костадинов на својот фејсбук профил.

Препорачуваме:

Помалку од 1% активни ковид случаи од наставниците и учениците кои се со физичко присуство

Грција ја продолжи забраната за влез нa македонските граѓани до 7 јануари

Сузана Мицева

Пожар во лимените гаражи на струмичкиот суд

Ване Трајков