• Tue. May 14th, 2024

Во Струмица регионална конференција на тема: „Улогата на регионалниот центар за стручно образование и обука во подобрување на системот за стручно образование и обука во југоисточниот регион“

ByЃ. K.

Dec 20, 2023

Струмица е Струмица на сите можни полиња, па и во областа на образованието. Таквиот заклучок меѓу другото го докажува и трансформацијата на СОУ „Никола Карев“ во Регионален центар за стручно образование и обука за Југоисточниот плански регион, како еден од петте такви во државата.

По тој повод, денес во нашиот град се одржа Регионална конференција на тема: „Улогата на регионалниот центар за стручно образование и обука во подобрување на системот за стручно образование и обука во југоисточниот регион“.

Во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја и Министерството за образование и наука, тим лидерот на проектот, како и на претставници од бизнис секторот и образованието, градоначалникот Костадинов ја имаше честа да го сподели задоволството од таквата трансформација, но и од фактот дека Струмица е лидер во образованието во овој регион.

Тој не ја пропушти можноста да ја истакне досегашната плодна соработка помеѓу Општина Струмица и СОУ „Никола Карев“ која резултираше со проектите „шкафче за секој ученик“ и „униформа за секое прваче“, изразувајќи надеж дека и покрај трансформацијата, таквата соработка ќе продолжи и во наредниот период.

By Ѓ. K.