Забава

Самостојна изложба на Кристина Зимбакова на универзитетот Аристотел во Солун

Ликовната изложба се одржува во рамките на меѓународниот Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантицизмот“ и ја сочинуваат слики поттикнати од творештвото и писмата на Плат – клучна американска поетеса на дваесеттиот век. Делата се создадени во последниве години, во комбинирана техника на платно и на хартија од габи рачно изработена од авторката. Куратор на поставката и организатор на настанот е проф. Емили Вандајн од САД, која е Фулбрајт гостувачки професор на Универзитетот „Аристотел“. 


Во творештвото на Кристина Зимбакова се испреплетени сликарството, поезијата и природните науки. Делата се симболични и фигуративни,  а габите и лишаите се најкарактеристичен медиум. Изложувала во Македонија, Европа и во САД, а од самостојните  изложби се издвојуваат следниве: Галерија „Расклон“, планина Родопи, Бугарија (2020): врв Сечена Скала (1.740 м н.в.), планина Беласица (2019); Универзитет „Алстер“, Белфаст, С. Ирска (2017); Научен собир на Европскиот совет за зачувување на габите, Охрид (2017).  

Препорачуваме:

Вечерва „Концерт под маски“ на ОМУ „Боро Џони“ Струмица

Сузана Мицева

Во Струмица ќе се одржи промоција на романот „Трамонтана“ од Наташа Сарџоска

Сузана Мицева

Големата англиска соул ѕвезда Џон Њуман си доби дрес од ФК Брера Струмица

Ѓ. K.