Забава Регион

Вечерва „Концерт под маски“ на ОМУ „Боро Џони“ Струмица

Вечерва ќе се одржи традиционалниот „Концерт под маски“ на основното музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица. Како што со години се случува, мали и големи музичари ќе настапат на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

Последниве два дена учесниците имаат интензивни проби и ги дотеруваат деталите околу настапот кои вообичаено трае околу час и половина.

Концертот во последните години користи сцени од Националната опера и балет со што музичката карневалска забава добива уште повпечатлив изглед.

Вечерва, како што е случај изминатите години, ќе се одржат два последователни концерта.

Препорачуваме:

Експертите советуваат: Најздрави се локалните производи

Стојне Митева

Дали знаете каде биле старите струмички гробишта?

Сузана Мицева

Уметност во живо во рамки на „Гевгелиско културно лето“

Сузана Мицева