Забава

Уметност во живо во рамки на „Гевгелиско културно лето“

Вечерва во рамките на „Гевгелиско културно лето“, на платото пред Народниот театар, со почеток во 21:00 часот, ќе биде изведен арт-перформанс на гевгелискиот скулптор, м-р  Александар Јанев, под наслов „Битисување“. Вајањето на скулптурата пред очите на публиката ќе биде проследено со музичка селекција од Димитар Илиев.

Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, а во склоп на активностите за „Гевгелиско културно лето“, од вчера (6 јули, 2022 година), започна Летниот саем на книга. На штандовите со свои изданија кои ќе бидат изложени под јаворот на Библиотеката, ќе учествуваат три издавачки куќи.

Летниот саем на книги во Гевгелија ќе заврши на 9 јули, 2022 година. Градската библиотетка „Гоце Делчев“- Гевгелија ги поканува љубителите на книги да ги посетат штандовите.

Препорачуваме:

Јулски снег во Бугарија

Сузана Мицева

Васка Ангелова како Елена Андреевна ќе дебатира во струмичкиот театар

Сузана Мицева

Видео: „Зборот на Конески“ се слушаше низ Струмица

Сузана Мицева