Забава Спорт

Големата англиска соул ѕвезда Џон Њуман си доби дрес од ФК Брера Струмица

Брера Струмица додели дрес на големата англиска соул ѕвезда Џон Њуман кој настапи на GetEXITed забавата во Струмица.

Тој се заблагодари на гестот и најави дека во иднина ќе го промовира градот Струмица, но и клубот Брера Струмица насекаде во светот при своите настапи. Њуман спомна дека знае за Горан Пандев, неговите настапи како во Италија, така и за македонската репрезентација, но и за инвестициите на италијанско – американскиот конзорциум Брера Холдинг во Струмица. Подвлече дека како уметник секогаш ќе го подржува спортот, но и младите фудбалери.

Инаку Џон Њуман над десетина години владее на светската музичка сцена и ги освојува срцата на фановите со моќниот глас, емотивните мелодии и песните кои се искачија на самиот врв на водечките топ листи и со милјарда прегледи на на јутјуб каналот.

Препорачуваме:

Гевгелија е во новогодишно руво

Сузана Мицева

Трамп си отвори социјална мрежа

Сузана Мицева

Одбојкарките на ООУ ,,Видое Подгорец” од Струмица – државни прваци !