• Sat. May 18th, 2024

Гевгелија е во новогодишно руво

Заврши новогодишното украсување на плоштадот во Гевгелија. Поставени се ламбички во разни бои, симболизирајќи ѕвездено небо. Канделабрите се украсени со светлечки новогодишни форми, а на почетокот и крајот од плоштадот има две елки.

Украсувањето на просторот околу централното подрачје на градот го изврши ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија во соработка со Општина Гевгелија.          Поради КОВИД-пандемијата, оваа година, Општина Гевгелија се реши за поскромна варијанта на украсување, односно од буџетот се издвоија 230.000 денари за да се почувствува претпразничната атмосфера. Заштедените 800.000 денари остануваат во општинскиот буџет, а ќе бидат ставени на ставката наменета за елементарни непогоди, од каде што се донираа средства за доградба на дневниот КОВИД- центар во Гевгелија, како и другите трошоци што ги наметнува пандемијата. Исто така, дел од средствата ќе бидат наменети за капитални расходи, како реконструкција на некои улици во градот и во населените места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *