• Mon. May 13th, 2024

Одбојкарките на ООУ ,,Видое Подгорец” од Струмица – државни прваци !

Женскиот одбојкарски тим на училиштето ,,Видео Подгорец” од Струмица го освои државното првенство во одбојка за основни училишта. На завршниот турнир во Кавадарци, ученичките од струмичкото училиште ,,Видое Подгорец,, демонстрираа квалитетна одбојкарска игра со која покажаа и докажаа дека Струмица е одбојкарски град. Тие беа неприкосновени во дуелите против останатите училишни тимови против кои забележаа победи..

Еве каков беше епилогот од државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција

1 место ООУ ,,Видое Подгорец”- Струмица
2 место ООУ ,, Партенија Зографски”- Скопје
3 место ,,Климент Охридски”- Прилеп
4 место ,, Димката Ангелов Габерот”- Кавадарци ( фер плеј екипа)

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *