Забава

Рокот за аплицирање на годишните конкурси за културата истекува за четири дена

Рокот за аплицирање на годишните конкурси за културата истекува за четири дена. Се уште може да се пријавува на годишните конкурси на Министерството за култура, за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година. Учеството на конкурсот годинава за првпат се одвива по електронски пат. Од Министерството потсетуваат дека рокот за пријавување истекува на 11 ноември (четврток), во 12:00 ч. напладне, кога апликацијата автоматски ќе се затвори.

Министерството за култура, со Одлука бр. 08-12751/1, го продолжи рокот за поднесување пријави на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година. Рокот за електронско поднесување на пријавите е продолжен до 11.11.2021 година, до 12:00 часот.

Продолжувањето на рокот е со цел да им се обезбеди подолг временски период на апликантите што имаат потреба од тоа зашто електронското поднесување на пријавите за сите нас е ново искуство и целиот процес мора да биде беспрекорно изведен.

Имено, Министерството за култура од годинава за првпат воведе електронска апликација за конкурирање. Пред распишувањето на Годишните конкурси беа одржани обуки за корисниците во центрите за култура низ државава и во Скопје. Од почетокот на Конкурсот, за техничка поддршка се отворени двe телефонски линии на кои корисниците ги добиваат потребните информации, а консултации се вршат и преку електронската пошта по одделни дејности.

Годишните конкурси беа објавени на 4 октомври.

Препорачуваме:

Вечерва „Концерт под маски“ на ОМУ „Боро Џони“ Струмица

Сузана Мицева

Видео: Говеда шетаат низ Штип

Сузана Мицева

Видео: Падна првиот снег во Струмица

Сузана Мицева