Забава

Видео: Говеда шетаат низ Штип

Говеда шетаат низ Штип. Штипјани објавуваат видеа и фотографии од стадо говеда кое денеска се шетало во строгиот центар на градот, кај гимназијата „Славчо Стојменски“. Штипјани се шегуваа по социјалните мрежи дека во услови кога движењето на луѓето е ограничено, животните го заземаат градот.

Инаку, најверојатно станува збор за испуштено стадо од фарма во близина на градот. Прошетката на говедата траела подолго, бидејќи освен „корзо“ биле на и на пасење во детско игралиште и на неколку други локации.

Препорачуваме:

„Е!Њуз“ згаснува по 29 години во етерот

Сузана Мицева

Размрдајте се со „Мапет шоу“ – карневалската магија на музичкото училиште „Боро Џони“

Сузана Мицева

Под Стариот мост во Мостар измерени 50 степени

Сузана Мицева