Регион

Прва крводарителска акција во Гевгелија за 2023, собрани 28 единици крв

Гевгелискиот Црвен крст ја организираше првата крводарителска акција за 2023 година. Акцијата се одржа под мотото „Крвта да го чека болниот, а не болниот да чека крв“.

На крводарителската акција, организирана од ОО Црвен крст- Гевгелија, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, беа собрани 28 единици крв. Организаторот упати благодарност до дарувачите, но и апел до граѓаните за масовна поддршка на акциите дарувајќи ја својата крв, така што ќе придонесат годинава Гевгелија повторно да биде на листата на најхумани градови со најголем број крводарувања.
       

Препорачуваме:

Приведен дилер од радовишко, пронајдена марихуана

Патната инфраструктура ни е приоритет, се градат улици во Градашорци а наскоро и во Пиперево и Василево – кажа градоначалникот Јанев

Учениците од струмичката гимназија се најдобрите на регионалниот натпревар по германски јазик

Ѓ. K.