Регион

Гевгелија и Богданци го потпишаа договорот со Црвен крст за лични асистенти на лица со попречености

Гевгелија и Богданци го потпишаа договорот со Црвен крст за лични асистенти за лица со попречености. Околу 120 илјади евра чини проектот „Подобрување на социјалните услуги“ за кој денеска се потпиша договорот со Министерството за труд и социјални услуги.

„Како Локална самоуправа, водејќи се потребата за грижа на лица од ранливите категории, на вториот јавен повик за доделување на грантови за развој на социјални услуги на локално ниво, аплициравме заедно со Општина Богдани и Црвен Крст Гевгелија.

Од овој проект грижа ќе добиваат граѓаните кои имаат потреба од личен асистент, за да можат квалитетно го продолжат својот живот во заедницата и својот сопствен дом. Проектот е поддржан од Светска банка и Министерството за труд и социјална политика,“ напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов.

Препорачуваме:

Археолог од Струмица на научен собир во Белград на тема „Археологијата на смртта“

Ѓ. K.

Видео: Пекарница во Струмица пет месеци дели бесплатни оброци на ранливи категории

Сузана Мицева

Почнува пролетта