• Wed. May 15th, 2024

Учениците од струмичката гимназија се најдобрите на регионалниот натпревар по германски јазик

ByЃ. K.

Feb 29, 2024

Интересот за странски јазици отсекогаш бил предизвик за учениците, зборување, слушање, читање и пишување се главните вештини, а учениците од СОУ „Јане Сандански“ се најдобрите на овогодинешниот
регионален натпревар по германски јазик, кој се одржа во просториите на гимназијата.

По објавувањето на конечните резултати учениците се здобија со следниве награди:

Ученикот, Давид Донев ја освои втората награда, ученичките Амелија Николова, Александра Нецева и Александра Лазарова ја делат третата награда, ученичките Јована Недева и Софија Стојанова се здобија со пофалници и обезбедија учество на државниот натпревар, сите овие ученици се под менторство на проф. Билјана Витанова Ангелова, додека ученичката Виолета Сандова исто така доби пофалница и обезбеди учество на државниот натпревар, под менторство на проф. Александра Минкова. Сите овие ученици се ученици во прва година во СОУ „Јане Сандански“.

Ученикот Стефан Милев е второнаграден и ученикот Ѓорѓи Тренчовски како третонаграден, се ученици од II година и исто така продолжуваат понатаму на државниот натпревар, а се под менторство на проф. Билјана Витанова Ангелова.

Ученичката Радица Кечева од III година ја освои третата награда и обезбеди пласман на државниот натпревар, ученичката е под менторство на проф. Јулијана Глигорова.

By Ѓ. K.