Забава Регион

Проекции на филмови во EU House Струмица

Од утре почнува проекција на филмови во просториите на EU House во Струмица. Секој вторник во месец февруари ќе се прикажува еден филм со поддршка на Германската амбасада во Македонија.

Со проекциите се одбележува Месецот на филмот за човекови права со селектирани проекции на три од најдобрите филмови од Берлинскиот филмски фестивал за човекови права кои ќе бидат прикажани во 6 градови во Македонија, вклучувајки ја и Струмица.

Проекциите почнуваат до 18.00 часот, а влезот е бесплатен. Утре ќе се прикаже филмот „Aya“, на 14 февруари „A house made of splinters“, а на 21 февруари „Backlash: Misogyny in the digital age“.

Препорачуваме:

Пламеница на раноградинарските култури-штетна болест која тешко се лечи

Dimitar Micev

Општина Струмица ги чисти од снегот патните правци кон Раборци, Рич и Попчево

Започна доградбата на Клон 2 на градинката ,,Детска радост” градскиот парк во Струмица

Сузана Мицева