Регион

Пламеница на раноградинарските култури-штетна болест која тешко се лечи

Земјоделците да внимаваат на пламеница на раноградинарските култури. Болеста која се појавува во овој период е многу штетна за доматите, краставиците, пиперките и други растенија. Симтомите се јавуваат на листот, плодот и стеблото, при што доаѓа до брзо пропаѓање кое доведува до умирање на целото растение. За да ги заштитат своите растенија, агрономите советуваат во оранжериите да биде суво и да нема многу влага и роса по плодовите.

Откако ќе се појават симтомите на растенијата, агрономите препорачуваат да се применува т.н блок прскање. Исто така тие советуваат и употреба на бакар, бидејки како што вели Василев, тој го спречува ширењето на другите инфекции.

Доколку земјоделците не се сигурни која болест ги нападнала нивните растенија, агрономите препорачуваат да се побара мислење од стручни лица кои ќе ја дадат вистинската терапија за болеста на растението.

Препорачуваме:

ССМ: Работодавачите од приватниот и јавниот сектор да исплатат K15

Ване Трајков

Во Срумица, хоспитализирани 9 пациенти со коронавирус,Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот

Стојне Митева

Амбиенталниот воздух сѐ позагаден во вечерните часови