Спорт

Пораз на Струмица од Карпош, на трибините едвај 40 тина посетители

Лошата и анемична игра исполнета со многу грешки, ги чинеа струмичани висок пораз од Карпош соколи на свој терен и тоа со 44 поени разлика (71:115). Гостите од Скопје победата ја најавија уште во првата четвртина која ја добија со 18 поени разлика ( 11:29) а се останато беше само рутина за избраниците на Митиќ кои беа немилосредни кон составот на Зетов, во чии редови не играше Богоев и Гоцевски заради здравствени причини. Струмичани единствено ,, блескаа,, во финишот од првото полувреме кога направија серија од 10:0 за да заминат на одмор со резултат 34:54.

Второто полувреме Карпош само ја потврди својата доминација, кој третиот период го заврши со предност од 32 поени ( 51:83) а огромната разлика од 44 ја направи во последните десет минути. Пристуните  што го следеа дуелот на крај искоментираа, за секој посетител по еден поен, бидејки на трибините во салата Парк имаше едвај 40 тина посетители, што не е добро бидејки за секој спортист е потребна подршка од публика.

Препорачуваме:

Макс Струмица утре против Работнички за прва победа сезонава

Ване Трајков

Благој Истатов вечно ќе живее во нашите срца – струмичани се простија од големото голманско име

Видео – Идната недела во Струмица – ПАНДЕВ КУП 2018 со 64 екипи од целиот Балкан