Спорт

Видео – Идната недела во Струмица – ПАНДЕВ КУП 2018 со 64 екипи од целиот Балкан

ФК ,,Академија Пандев,, од 1 до 4 март го организира првиот интернационален турнир ,,ПАНДЕВ КУП 2018,,.  На турнирот ќе земат учество 16 клубови од Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска кои во Струмица доаѓаат  со по четири тима во различни возрасни категории.  Станува збор за турнир за фудбалери родени генераија 2006, 2007, 2008 и 2009 година и на истиот во Струмица треба да допатуваат над 700 дечиња. Според најавите од Академијата натпреварите ќе се играат на стадионот Младост во Струмица но и на фудбалските игралишта во Василево и Турново. ПАНДЕВ КУП 2018  треба да биде убава можност да се виде потенцијалот на македонскиот фудбал во споменатите генерации за што се пријавени дечиња од повеке клубови од земјава во однос на фудбалските школи од Балканот но и да биде увертира за силните турнири што Академијата ги планира. Инаку ПАНДЕВ  КУП  2018 ќе се одржи благодарение на поддршката од  општина Струмица, ФФМ и Агенцијата за млади и спорт … Еве што кажа за Канал ВИС, Југослав Тренчовски

 

 

 

Препорачуваме:

Јуниорскиот репрезентативец Јован Милев прогласен за МВП на турнир во Полска

Ѓ. K.

Македонската одбојкарска селекција во петок ја почнува европската сребрена лига

Смртта на момчето од Владевци во сообраќајката во Злеово,го одложи Street Basket турнирот кој ќе заврши во вторник