Спорт

Јуниорскиот репрезентативец Јован Милев прогласен за МВП на турнир во Полска

Младинската екипа на одбојкарскиот шампион Струмица викендов учествуваше на меѓународен турнир во Полска, каде покрај домаќинот Јастржебски учествуваа и чешка Острава и полскиот тим Хутник Краков, пренесува Спортспорт.мк.

Во одлична атмосфера Струмица достоинствено ја претстави македонската одбојка, а одлично издание имаше нашиот јуниор Јован Милев, кој на крајот на турнирот беше прогласен за најкорисен играч.

Учеството на ваков турнир е од огромно значење за Струмица и за нашата одбојка. Од редовите на струмичкиот клуб во иднина се очекуваат и новите македонски репрезентативци во сениорска категорија.

Извор: Спортспорт.мк

Препорачуваме:

Гевгелија ќе го донесе новиот КУП победник во кошарка – завршницата на 15 февруари во организација на општината со Кожув и Блокотехна

Ѓорги останува во турскиот „Мили Пјанго“ Никола во полски ,,ОНИКО,,

Наковски волеј и Партизан ќе имаат соработка, најдобрите одбојкарки ќе заминуваат за Белград на усовршување

Ване Трајков