Регион

Во Срумица, хоспитализирани 9 пациенти со коронавирус,Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот

Во Срумица, хоспитализирани 9 пациенти со коронавирус,Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во болниците низ целата држава е 109, а од нив 43 се хоспитализирани во Скопје.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 8 болни, а во Куманово 14 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 3, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 5 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Препорачуваме:

Дедо Мраз подели пакетчиња за дечињата на новогодишната забава во Босилово

Ѓ. K.

Денеска Владата на седница ќе одлучува за тоа дали ќе има дневен престој во училиштата

Стојне Митева

Сѐ е подготвено за големиот Get EXITed спектакл!

Ѓ. K.