Забава Регион

Сѐ е подготвено за големиот Get EXITed спектакл!

Големата, долгоочекувана Get EXITed журка се одржува вечерва, во Градскиот парк во Струмица, со почеток во 19 часот, а на неа ќе настапат водечките имиња на светската и регионалната сцена – поп и соул сензацијата Џон Њуман, глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, омилената уметница во регионот Констракта, рок легендите Ван Гог, струмичкиот Џамбо Агушеви Оркестар и младите продуцентки и диџејки во подем Лана и Д Георс.

Вратите на Градскиот парк ќе бидат отворени во 19:00 часот, а публиката во 20:00 часот ќе ја пречека локалниот Џамбо Агушеви Оркестар, еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот, додека во 21:00 на бината ќе застане омилената регионална уметница Констракта со својот бенд „Земља Грува“. Гитарскиот звук од 22:30 ќе го донесат рок легендите, групата Ван Гог, по која ќе следува исчекуваниот, специјален хибриден настап на светската поп и соул сензација Џон Њуман, кој почнува во 23:50. Од 01:05 публиката ќе ја разигра глобалниот хитмејкер, продуцент и диџеј Бурак Јетер, додека за завршницата на втората по ред Get EXITed журка ќе биде задолжена силната женска поддршка од светот на електронската музика – младата продуцентка и диџејка Lanna од 02:30 и одличните The Geors од 03:30.

Влезот е бесплатен и отворен за сите посетители.

Get EXITed настанот го реализира ЕГЗИТ тимот во соработка со Општина Струмица, а ова е второ по ред издание на оваа спектакуларна забава, која ветува дека ќе стане нова, блескава традиција.

Препорачуваме:

Грција ја помести старосната граница за децата за влез во земјата без ПЦР тест

Стојне Митева

Во Струмица гласале 57,15% избирачи

За 8 години од државата заминале 1207 лекари