• Sat. May 18th, 2024

Македонија одбележува 32 години независност

ByЃ. K.

Sep 8, 2023

Со повеќе активности, под мотото „Гласник на слободата“ се одбележува Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември.

Македонија пред 32 години се осамостои од Југославија.

Денеска Армијата ќе има тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, потоа се организираат спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, културно-уметнички програми, а граѓаните ќе може бесплатно да ги посетат музеите и археолошки локалитети низ целата држава.

Активностите стартуваа синоќа во Скопје со свечена академија на тема „32 години независност“ на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски.
.
Традиционално, во Собранието ќе бидат доделени државните награди „8 Септември“ за 2023 година за остварување во областа на спортот, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Одборот за доделување на Државната награда „8 Септември“.

Годинашен добитник на наградата за животно дело е Дејан Богданов за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план.

Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на Елизабета Божиновска Вучкова, Назми Али, Златко Калински, Санде Коцев.

By Ѓ. K.