Регион

Започна доградбата на Клон 2 на градинката ,,Детска радост” градскиот парк во Струмица

Уште 53 деца ќе можат да се сместат во детската градинка „Детска радост“ откако ќе се заврши доградбата на Клонот 2 во склоп на градинката во големиот Градски парк. Објектот ќе биде со површина од 350 метри квадратни.

Оваа градинка којашто е доста атрактивна поради локацијата имаше голем просторен проблем којшто се надеваат од општината дека ќе се надмине со оваа доградба.

Инаку, во близина на оваа градинка ќе има уште една, којашто се гради во новиот комплекс згради во просторот на поранешната касарна.

Препорачуваме:

Апелација за трошење на вода

Ване Трајков

Пензиите ќе се исплаќаат од 29 март

Стојне Митева

Фатена жената што нападна старица во Струмица