Регион

Пожар од плинска боца во Струмица

Струмичките пожарникари попладнево гаснеле пожар од плинска боца во Струмица. Околу 14.30 минути територијалната противпожарна единица Струмица добила дојава дека има пожар на улица Младинска.

Интервенирале со едно протипожарно возило и петмина пожарникари-спасители. Утврдено е дека настанал пожар од плинска боца што се употребувала за затоплување во дуќан за овошје и зеленчук. Информацијата ја споделија пожарникарите на нивната официјална фејсбук страница.

Новата 2021 година почна работно за струмичката противпожарна единица. Од самиот почеток досега учествуваа во десетина интервенции во индивидуални или деловни објекти.

Пред две седмици, пожарникарите го гасеа и големиот пожар во трговскиот центар Глобал, а подоцна излегоа со детална анализа за гасењето на пожарот.

Пожарот предизвика милионски штети во трговскиот центар. Вчера, претставници на опожарените од струмички Глобал побараа помош за санација на штетите. Тие апелираа до институциите, но и до бизнис секторот да им помогнат да се возобнови уништениот дел, бидејќи штетата е повеќе милиони евра. На втори јануари ноќта нешто после 23 часот, известена е противпожарната единица дека настанал пожар во трговскиот центар Глобал. Едно возило се упатило кон задниот влез, каде што е утврдено дека огнот силно ја зафатил внатрешноста на пазарот. Веќе следниот ден се констатира дека уништено е приземјето на пазарот до скалилата кон вториот кат, дуќаните на првиот кат, дел од вториот а штети има и на самиот кров.

Препорачуваме:

Распишана Јавната набавка за изградба на социјалната населба во Струмица – ќе трае до 15 септември

Ване Трајков

Радовишанец загина во сообраќајна несреќа

Сузана Мицева

Видео: Врнежливото време закана за посевите

Ване Трајков