• Sat. May 18th, 2024

Распишана Јавната набавка за изградба на социјалната населба во Струмица – ќе трае до 15 септември

ByВане Трајков

Aug 16, 2022

Општина Струмица го распиша тендерот за изградба на станбена населба со објекти со намена домување, за сместување на социјално загрозени семејства во Струмица прва фаза. Станува збор за локацијата на просторот Чамлк над новите турски гробишта со површина од околу 3,3 хектари која во април годинава се чистеше. Тендерот е објавен вчера и ќе трае до 15 септември на кој сите заинтересирани економски оператори може да достават понуди за изведба на работите согласно предложената техничка спецификација. Висината на јавната набавка е 90 милиони денари без ДДВ или приближно 1,5 милиони евра.

Како што е објавено во тендерската документација во првата фаза треба да биде изведена сообраќајна инфраструктура, потпорна конструкција, улично осветлување, атмосферска и фекална канализација. Во ова фаза не е вклучена изведба на водоводна инфраструктура.

Градоначалникот Костадинов во април годинава кажа дека социјалната населба ќе се реализира во повеќе фази. Се планираат да се изградат 100 типски куќи со цел да се дислоцира домакинствата од Климент Охридски и Антон Панов.

Согласно тендерската документација право на учество имаат фирмите кои имат важечка лиценца Б за изведвуач на градби од втора категорија издадена од Минситерството за транспорт и врски, во последните 3 годиини да имат минимален годишен приход од 200 милиони денари и да имат реализирано најмалку три договори со предмет на изведба од типот на ниско градба. Фирмите во врска со распишаната јавна набавка може да добијат прашања до 7 септември а на 15 септември ќе биде отварањето на понудите.

Средствата за реализиација на овој проект се обезбедени од Владата а како што кажа граодначалникот Костадинов за реализација на останатите фази од изградба на социјалната населба ќе се барат од домашни и странски фондови или пак ќе се даде фокус со општински средства

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *