Регион

Полицијата тврди дека протестот во Струмица не бил пријавен

Петочниот протест против францускиот предлог што се одржа на патот Струмица-Радовиш кај Василево, не бил пријавен вели струмичката полиција. Во одговор до канал ВИС полицијата вели дека немало уредна пријава. Од МВР велат дека согласно член 3 од Законот за јавни собири, известувањето се поднесува во подрачната единица на МВР на чие подрачје се одржува јавниот собир и во него е наведен организаторот на протестот со сите преземени мерки во врска со непречено организирање на протестот.

Пратеничката од ВМРОДПМНЕ, Ели Панова, вчера на прес конференција реагираше дека на граѓаните им се забранува устравно-загарантираното право и дека ова е пример за класичен притисок.

Од СВР додаваат дека според Закон за јавни собири по член 2-а  се наведени местата кои претставуваат исклучоци за одржување на граѓански собири или протести, меѓу кои се автопати и магистрални патишта.

Реакција на казните за граѓаните коишто беа присутни на протестот имаше и од претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов кој рече дека освен 35 евра казна за паркирано возило и 50 евра за движење на пат добиле и лица кои не биле присутни на протестот.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите казнети граѓани да се обратат до општински комитет Струмица затоа што се преземаат мерки за да им помогне во овој нов чин на како што велат, полициската држава.

Препорачуваме:

МВР – Полицаецот што пукаше суспендиран и заработи кривична ,,убиство во обид,,

Двојно намалување на водостојот на реката Струмица кај Ново Село

Стојне Митева

При крај реконструкцијата на објектот во населбата Касарна

Ване Трајков