• Fri. May 17th, 2024

Сончево време со температура до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. На југоистокот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, а по должина на пошироко Повардарие повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степен.

Во Струмица сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе се засилува. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До петок ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој денес и утре по должина на пошироко Повардарие ќе се засилува. До четврток утрата ќе бидат посвежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст. За време на викендот ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *