Регион

При крај реконструкцијата на објектот во населбата Касарна

Во завршна фаза се реконструктивните работи на објектот во населбата Касарна, кој има корисна површина од 100 квадратни метри и дворна површина од 1.600 квадратни метри, што Општина Гевгелија му го додели на користење на Центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“. Оттаму велат дека објектот ќе се користи за работилница за креирање и изработки, како и за надворешни сензорни работилници.

– Со овој објект добиваме можност за проширување на нашата активност, бидејќи имавме потреба да направиме простор кој ќе биде наменет за работно оспособување на повозрасните наши корисници кои наместо по три, тука ќе престојуваат по пет часа дневно – изјави Димитар Ташев, раководител на Центарот.

Во дворот на објектот ќе има повеќенаменско игралиште, фитнес справи, овошна и зеленчукова градина, мини фарма и креативна работилница.

Извор: МИА

Препорачуваме:

Дури 79 мигранти пронајдени во камион кај Гевгелија

Сузана Мицева

Босилово и Про Кредит банка во заедничка акција за почиста животна средина.

Ване Трајков

Eврото продолжува да опаѓа

Стојне Митева