Регион

Полицијата приведе осомничен за подметнување пожар во радовишко кој се обидел да избега

Полицијата има осомничен во врска со настанатите пожари во радовишките села Погулево и Дамјан.

Од МВР информираат дека од страна на припадници на радовишката полиција лишен од слобода бил извесен И.О, жител на селото Тополница.

Тој откако ги забележал полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен, приведен и се работи на расчистување на случајот.

Инаку, на подрачјето на Радовиш на неколку метри оддалеченост настанаа три пожари, од кои оној во селото Погулево е изгаснат, кај селото Парналија и Супурге е локализиран, а на влезот од селото Дамјан се преземаат мерки за негово гаснење.

Препорачуваме:

ПОГЛЕД(Н)И – прва самостојна изложба на Никола Станишлевиќ во Europe House Струмица

Ѓ. K.

Еве што ќе може да купите за време на Викендот без ДДВ

Стојне Митева

Делови од Струмица и селата без јавно осветлување поради невремето од изминатиот викенд

Ѓ. K.