• Tue. May 21st, 2024

Поради страотните пожари, неопходна е евакуација на две села во делчевско

Поради страотените пожари, неопходна е евакуација на две села во делчевско. Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската средина. Вака порача градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

„Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, неопходна е евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник“, нагласи делчевскиот градоначалник.

Тој воедно апелира жителите да бидат крајно внимателни и да не се движат во критичните реони.

„Поради неконтролираното ширење на пожарот се предупредуваат и жителите на селото Тработивиште да бидат крајно внимателни и да ја следат состојбата со цел брза реакција доколку пожарот земе посилен замав во атарот на селото“, истакна Трајковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *