• Wed. May 15th, 2024

Центарот за јавно здравје во Струмица тестира за ковид-19 само еден час на ден

Центарот за јавно здравје во Струмица тестира за ковид-19 само еден час на ден. Ако имате силни симптоми на Ковид-19 и добиете термин од матичниот лекар за ПЦР тест, најверојатно тоа нема да можете да го сторите. Тестирањето во центарот за јавно здравје, во просториите на поранешното кожно одделение се врши само еден час. Почнува во 9 часот наутро и после десет пунктот се затвора.

Десетици пациенти затекнавме пред вратите на пунктот со термини за тестирање, но, иако вработените рекоа дека пунктот работи до 11.00 часот, уште во 10.30 вратите беа заклучени. Ваквото скратено работно време не знаеја да го објаснат, но последниве седмици се тестирало по тој принцип. Во ваква ситуација итните случаи се приморани да се тестираат во приватните лаборатории, каде еден пцр тест чини од 2.000 до 3.000 денари.

Последниве денови рапидно се зголемува бројот на позитивни случаи на ковид-19 во државата. Денеска се регистрирани 325 нови случаи и еден починат 55 годишен пациент од Битола.

Во државата засега нема најава за нови рестриктивни мерки, но и посериозен опфат за тестирање на лицата кои влегуваат во земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *